Досега, принцовите Хари и Вилијам, заедно со нивните сопруги Меган и Кетрин, имаа заеднички профил на Instagram. Но, непосредно пред раѓањето на нивното прво дете, Меган и Хари се одделија со посебен профил.
Станува збор за профилот Sussex Royal, на кој беа објавени 9 омилени фотографии на парот, како и кратка порака. За само неколку часа, тие добија над милион следбеници.
„Добредојдовте на нашиот официјален Instagram. Со нетрпение чекаме да ја споделиме работата која нè движи, каузите кои ги поддржуваме, важните соопштенија и можноста да потенцираме клучни проблеми. Ви благодариме за поддршката“ – стои во првата објава, која ја потпишува парот.
Меган и Хари наскоро ќе го добијат своето прво дете.