Принцот Хари и Меган Маркл ја објавија овогодишната божиќна честитка. На неа, вклучени се шест фотографии, а една од нив привлекува големо внимание.
На ведрата фотографија, среќниот пар блика од радост додека со раширени раце ги дочекува прегратките од своите две деца. 3-годишната Лилибет трча кон својот татко, додека 5-годишниот Арчи се упатува во прегратката на својата мајка.
Покрај семејството се и нивните три кучиња.
„Ви посакуваме среќна празнична сезона и радосна нова година“ – стои на честитката.
Откако го напуштија британското кралско семејство, принцот Хари и Меган Маркл станаа многу потаинствени во однос на нивниот личен живот. Веќе извесен период, тие не ги покажуваат своите деца пред јавноста. Токму затоа, оваа фотографија се истакна меѓу објавените.
И двете дечиња ја имаат наследено црвената коса од принцот Хари.