Маган Маркл и принцот Хари се будно следени од неуморните папараци.
42-годишната војвотка беше фотографирана додека го напушташе италијанскиот ресторан „Tre Lune“во Монтесито, каде беше на ручек со пријателка.
Сопругата на принцот Хари носеше секојдневна модна комбинација која вклучуваше фармерки од La Ligne, кошула од Anine Bing и скап накит од над 60 илјади евра од Cartier. Само за огрлицата, Меган оддели над 14 илјади евра.
Во јануари 2020 година, Меган и Хари се откажаа од кралските должности во британското кралско семејство и се преселија во САД. Тие имаат две деца.