Мартија Станојковиќ сподели фотографии од својата матурска вечер.
Младата македонска пејачка прослави со семејството и пријателите за завршувањето на средното образование. Нејзиниот моден избор беше црн долг фустан со гол грб и црни сандали.
Мартија ја сподели и фотографијата со која ѝ честиташе нејзината мајка Снежана:
„Среќна матура мајкино“ – пишува на неа.
Мартија се прослави уште во 2015/2016 година со учеството во регионалното музичко шоу за таленти „Пинкови ѕвездички“, каде го освои второто место. Во 2016, таа ја претставуваше нашата земја на Детската Евровизија во Малта.