Мартија Станојковиќ ќе ја претставува Македонија на детската Евровизија. Младата пејачка го објави спотот за песната „Love Will Lead Our Way“ со која ќе настапи во Малта.
„Драги фанови и пријатели, со особено задоволство ви го претставувам мојот прв сингл насловен „Love Will Lead Our Way“ (Љубовта нè води). Ова е воедно и песната со која ќе ја имам честа да ја претставам Македонија на овогодинешниот јуниорски евровизиски фестивал во Малта. Голема благодарност до сите инволвирани во реализацијата на овој мој прв соло проект“ – напиша таа на Facebook.