Мартин Филиповски и Андреа Белеска уживаат на Мајорка. Македонскиот пар сподели прекрасни фотографии од нивниот идиличен одмор на шпанскиот остров.
37-годишниот музичар од Next Time и 32-годишната ракометарка се бакнуваа и релаксираа под топлите сончеви зраци на песочните плажи.
Андреа го покажа пораснатото трудничко стомаче во бикини.
Мартин и Андреа стапија во брак минатата година и го очекуваат нивното прво детенце.