Марион Котијар ги негираше гласините кои деновиве го обиколија светот за нејзина афера со Бред Пит. 40-годишната актерка откри дека е бремена и им посака на Анџелина Џоли и Бред мирно да ги пребродат овие тешки моменти.
Веста дека го очекува второто дете со љубовта на својот живот Гијом Кане, Котијар ја објави на својот профил на Instagram.

Ова ќе биде мојата прва и единствена реакција на бурните вести кои се појавија пред 24 часа и во кои бев вплеткана и јас.
Вообичаено не коментирам на вакви вести, ниту ги сфаќам сериозно, но како што оваа ситуација се исплеткува и ги засега луѓето кои ги сакам, морам да прозборам.
Прво, пред многу години, го запознав мажот на мојот живот, таткото на нашиот син и на бебето кое го очекуваме. Тој е мојата љубов, мојот најдобар пријател, единствениот кој ми треба.
Второ, до оние кои посочија дека јас сум скршена, ви благодарам, но јас сум многу добро. Овој разговор не е вознемирувачки.
И до медиумите и хејтерите кои брзаат да осудат, искрено ви посакувам брзо закрепнување.
За крај, посакувам Анџелина и Бред, кои и двајцата длабоко ги почитувам, да пронајдат мир во овој многу бурен момент.
Со сета моја љубов,
Марион

Анџелина пред неколку дена поднесе документи за развод, а како една од можните причини за разделбата се шпекулираше дека е наводна афера меѓу Бред и Марион.
