По мега успешната година во кариерата, Марго Роби има огромен повод за славење и на личен план. Странските медиуми објавија дека е бремена со првото дете, потпирајќи се на извори блиски до холивудската ѕвезда.
34-годишната актерка беше фотографирана на одмор во Италија, а нејзиниот ауфит го откри минимално пораснатото стомаче.
Роби беше фотографирана додека се качуваше во чамец на Езерото Комо заедно со нејзиниот сопруг Том Акерли.
Облечена во црна комбинација со кратка бела маичка, таа го покажа стомачето.
Марго и Том се запознаа на снимањето на „Suite Française“, а во 2016 година стапија во брак. Тие се партнери и професионално, односно се двајца од четворицата основачи на LuckyChap Entertainment, под чија капа се продуцирани повеќе филмови меѓу кои „Barbie“ и „Birds of Prey“.