Гласините дека Мадона посвојува две девојчиња од Малави, Јужна Африка, се вистина.
Во описот на фотографијата, на која ги држи 4-годишните девојчиња за рака, таа напиша: „Официјално можам да потврдам дека го завршив процесот за посвојување на сестри близначки од Малави и пресреќна сум што тие се сега дел од нашето семејство. Длабоко им сум благодарна на сите оние во Малави кои помогнаа ова да се оствари и ги замолувам медиумите да ја почитуваат нашата приватност за време на овој преоден период. Им благодарам исто така и на моите пријатели, семејството и мојот многу голем тим за сета љубов и поддршка“.
Минатата година, Мадона и нејзината ќерка Лурдес посетија сиропиталиште во Африка каде се сретнаа со близначките Стела и Естер. Тогаш, таа сподели фотографија од Лурдес со двете девојчиња.

Според странските медиуми, мајката на девојчињата починала за време на породувањето, па тие живееле во сиропиталиште уште од нивното раѓање.
Славната музичарка ги посвоила близначките од истото сиропиталиште во Малави, од каде ги посвои 11-годишните Дејвид и Мерси. Процесот за посвојување на Стела и Естер започнал пред две години.
Покрај четирите посвоени, Мадона има и две биолошки деца. 20-годишната Лурдес Марија Леон е плод на нејзината љубов со Карлос Леон, а со својот поранешен сопруг Гај Ричи има 16-годишен син, Роко Ричи.


