Лејди Гага се здоби со уште една титула – најследена личност на Twitter, откако во петокот собра повеќе следбеници од Бритни Спирс.
Во моментов Гага ја следат 5 737 876 лица, а Бритни – 5 702 164. Бритни беше прогласена за кралица на Twitter пред три месеци, кога го симна од престолот Ештон Качер.
Уште тогаш, еден од најпопуларните блогери во светот, Перез Хилтон, предвиде дека Лејди Гага ќе има најмногу следбеници во иднина.
Се разбира, Гага не заборави да им се заблагодари на луѓето кои ѝ дадоа нова титула. Погледнете го видеото: