Само неколку месеци откако Лејди Гага ја грабна титулата на најмоќна славна личност и ја остави Опра на второто место, ексцентричната пејачка повторно ја засени незаменливата Опра.
Лејди Гага се најде на 11. место, а Опра на 14. место на овогодишната листа на најмоќни жени која ја подготвува списанието Форбс. Со своите 25 години Лејди Гага е најмладата жена на листата. Освен Опра, Гага победи и други славни личности од светот на шоу-бизнисот како Бијонсе (18. место), Анџелина Џоли (29. место), Жизел Бундхен (60. место).
Најмоќната жена на светот е германската канцеларка Ангела Меркел, а веднаш зад неа на второто место е Хилари Клинтон. Сегашната прва дама на САД, Мишел Обама, се најде на 8. место.