Ако барате добар совет за убавина, прескокнете го она што го прави Лејди Гага. 24-годишната пејачка призна дека ѝ опаѓа косата поради тоа што долги години постојано ја бојадисува.
Откако стана славна, Лејди Гага не пропушта да ги „избели“ нејзините природно кафеави прамени и тоа започнува сериозно да ѝ штети на нејзината коса.
Но, тоа не е единствениот проблем што ѝ го има донесено нејзиниот екстремен имиџ. Таа отворено изјавила дека „умира“ за да оди на масажа за стапала за да ѝ се намали болката што ја чувствува поради превисоките обувки типични за нејзиниот стил на облекување.
Освен тоа, Гага признала и дека никогаш не си ја чисти шминката пред спиење. Кога била запрашана колку ноќи во неделата легнува со шминка, таа одговорила: „Седум. Тоа не е добро за кожата, но јас сум благословена со добри гени.“
Од Гага можете да примите добар совет само кога станува збор за заштитата од сонце. Таа никогаш не посетува солариуми и секогаш става крем за заштита од сонце пред излегување.
Според нејзиното мислење, најдобриот совет за убавина е да бидеш себеси. „Секогаш кога се обидуваш да бидеш некој друг, стануваш досаден“ – изјавила Гага, чие вистинско име е Стефани Германота.