Лејди Гага вчера ја отпеа американската химна за да отвори еден од најгледаните настани во САД – Super Bowl, кој оваа година се одржува по 50-ти пат.
Гага целосно му го довери својот изглед на врвниот италијански бренд Гучи. Облечена во црвен светкав костум и чевли инспирирани од американското знаме, 29-годишната музичка ѕвезда ги покажа своите одлични гласовни способности на стадионот „Levi’s“ во Калифорнија. Погледнете ја изведбата на Гага, која полна со емоции ја пееше „The Star Spangled Banner“.
Видео















Лејди Гага беше само една од ѕвездите кои настапија за време на популарниот спортски настан. Бијонсе, Бруно Марс и Coldplay приредија спектакуларно шоу на полувремето и ја размрдаа милионската публика.