Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез повторно си резервираа време за летно уживање со семејството.
Славниот пар со петте деца се релаксираше на одмор во Португалија и сподели фотографии од забавни моменти со најмилите.
„Љубовта, најголемата сила во универзумот“ – напиша славниот модел во описот на мини албумот.










Најмалата ќерка на Роналдо и Џорџина, Бела Есмералда, има само една година. Алана Мартина и близнаците Ева и Матео се родија во 2017 година, а најголемиот син Кристијано Џуниор има 13 години.