Викторија Бекам секогаш привлекува внимание со својот модерен изглед, па дури и кога патува. 42-годишната дизајнерка облечена во свои креации беше фотографирана додека го напушташе меѓународниот аеродром во Лос Анџелес.
Комбинацијата, која Викторија ја избра за најновото патување, е дел од нејзината есенска колекција. Црните чантичка и очила за сонце доаѓаат исто така од нејзиниот бренд.








