Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ед Лакман на црвениот тепих на „Браќа Манаки“ пред да ја добие наградата „Златна камера 300“ за животно дело

Ед Лакман на црвениот тепих на „Браќа Манаки“ пред да ја добие наградата „Златна камера 300“ за животно дело

Едвард Лакман е почесен гостин на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, кој оваа година се одржува по 40-ти пат.

71-годишниот светски познат кинематографер присуствуваше на отворањето на Фестивалот во Битола. На свеченоста во Центарот за култура, нему му беше доделена почесната награда „Златна камера 300“ за животно дело.

„Ед Лакман со децении е во врвот на американските и светските кинематографери, со неколку филмови Оскаровски кандидати, за кои требаше да добие макар еден Оскар, но заврши со 2 номинации. Затоа Фестивалот Браќа Манаки токму на својот Јубилеј со задоволство му го дава нашиот „Оскар“ – ЗЛАТНАТА КАМЕРА 300 ЗА ЖИВОТЕН ОПУС, што тој апсолутно го заслужи“ - велат организаторите на „Браќа Манаки“.

На црвениот тепих, Лакман се појави со саканата и 13-годишната ќерка Бела.

„Навистина сум почестен што ја примам оваа награда тука пред мојата 13-годишна ќерка Бела и нејзината мајка коишто ми даваа поддршка и љубов низ годините. Бела ме научи како да имам отворен ум и отворено срце, без или со камера“ - рече тој во својот говор.

Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман Ед Лакман

Како кинематографер, Лакман има работено на над 80 филма во текот на својата кариера. Дел од нив се: „Erin Brockovich“, „Far from Heaven“, „Carol“, „I'm Not There“ и „Ken Park“.

„Иако физички хендикепиран, тој импресионира со својата креативна енергија, од неговите почетоци на стартот на 1970, до најновите 3 целовечерни играни проекти, снимајки по неколку филмови во една година. Тој е еден од ретките кинематографери, кој покрај својата базична вокација се покажал и како добар режисер потпишувајќи 10 филмови, скоро 20 пати и во улога на снимател-камерман во филмови, во кои негови колеги, некои и наши лауреати, се кинематографери, а и тој во двојството на кинематографер-режисер, со посебната љубов кон документарниот филм (кратки, среднометражни и целовечерни), при што скоро половината од неговиот опус се од документарниот жанр, снимајки и режирајќи и за ТВ, како и видео-комерцијални спотови. Работејќи со многу режисери, неговиот креативен израз го красат разновидни стилови кои се во зависност од играната или документарната форма, прилагодувајќи се и на креативниот процес и сензибилитет на конкретниот режисер“ – пишуваат од Фестивалот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19721 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.