Атиџе Муратова живеше во мошне лоши услови, но најпосле дочека реновирање на нејзиниот дом.
Kуќата во Дорфулија беше обновена благодарение на група хумани лица. Добротворната иницијатива беше започната од Марија Дуда и нејзиниот сопруг Маурисио Дибјаџио кои живеат во странство.
По завршувањето на градежните работи, за Атиџе беше организирана мала прослава, а фотографиите од веселбата ги објави Сузана Турунџиева.
Атиџе и Сузана, кои изминативе месеци интензивно се дружат и снимаат музика заедно, не пропуштија да ја развеселат атмосферата со песна.
„Хуманите луѓе со големи срца, многу често остануваат анонимни... Затоа морам да напоменам дека сите градежни работи кои за рекордно време се направија во куќата на Атиџе во Дорфулија се реализираа благодарение на Маурисио Дибјаџио сопругот на најуспешната и најхумана Македонка во Дијаспората Марија Дуда кој отвори сметка за донации на која се собираа средства за овој голем проект“ – напиша Турунџиева.
Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива...
Posted by Suzana Turundzieva on Saturday, February 27, 2021