Каква мајка, таква ќерка.
Вчера Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс за првпат ги претставија пред светот своите две ќеркички. Кадравата коса и преслаткиот изглед на 2-годишната Џејмс поттикна многумина да ја споредат со мајка си кога била мала.
Судејќи по фотографиите, неодоливото девојче е мини копија на ѕвездата од „Gossip Girl“.

Холивудскиот пар се обидува да го зачува приватниот живот подалеку од медиумите, но Рејнолдс сакаше специјалниот момент на добивање на своја ѕвезда на Холивудската патека на славните да го сподели со своите најсакани.
Славното семејство со широки насмевки позираше пред фоторепортерите.





40-годишниот актер и 29-годишната актерка стапија во брак на 9 септември 2012 година. Џејмс се роди во декември 2014 година, додека нивната втора ќерка се роди само пред два и пол месеци.