Кристијано Роналдо присуствуваше на светската премиера на филмот „Роналдо“.
На црвениот тепих во Лондон, фудбалската ѕвезда зачекори заедно со малиот син Кристијано и својата мајка Марија Долорес Авеиро.


Кристијано стана татко пред пет години. Тој доби целосно старателство и не го откри идентитетот на мајката.




Филмот „Роналдо“ го следи животот и кариерата на 30-годишниот Португалец. „Некои луѓе ме мразат, некои луѓе ме сакат. Создаден сум да бидам најдобар. Така и го живеам својот живот“ – вели Кристијано во трејлерот за филмот.