Кристијано Роналдо призна дека затајувал данок и се спогоди со шпанските власти за да не заврши зад решетки.


Славниот фудбалер и неговата свршеница Џорџина денес беа фотографирани пред суд во Мадрид откако тој се согласи да плати 18,8 милиони евра казна и прифати 23-месечна затворска казна. Но, со оглед на тоа дека затворската казна е под 2 години, ова е прв негов прекршок и станува збор за кривично дело извршено без насилство, тој нема да помине во затвор ниту еден ден.
33-годишниот Португалец и 24-годишниот модел рака за рака минуваа пред многуте новинарски екипи.














