И уште една холивудска разделба. Кристина Агилера вчера потврди дека се разделува со својот сопруг Џордан Братман, со кого беше во брак 5 години.
„Иако Џордан и јас сме разделени, одговорноста кон нашиот син Макс останува силна како и досега“ – изјавила Кристина преку соопштение за списанието People.
Списанието UsMagazine, кое ја објави и веста за разделбата, пишува дека Џордан Братман и Кристина веќе неколку месеци живееле разделени.
„Тие беа многу заљубени еден во друг. Но, во последните шест месеци стана јасно дека беа повеќе како пријатели, отколку како сопруг и сопруга. Сега живеат разделени и ќе видат како ќе се одвиваат работите“ – пишува UsMagazine, потпирајќи се на изјава од близок на 29-годишната пејачка.
Кристина Агилера и Џордан Братман стапија во брак во ноември 2005г., а нивниот син Макс се роди две и пол години подоцна.