Вчера Кристина Агилера доби своја ѕвезда на Холивудската патека на славните. Таа ја доби точно 2423-тата ѕвезда и се нареди до најпознатите имиња во Холивуд.
Облечена во бел фустан на Dior и чевли на Christian Louboutin со леопардски принт во комбинација со накит на Neil Lane, Кристина гордо го прими признанието.
Во својот говор таа им се заблагодари на своите обожаватели: „Работев многу напорно за овој момент и сакам да ви се заблагодарам што ми дадовте можност да го споделам со сите вас. Ве сакам“.
29-годишната пејачка има продадено над 46 милиони албуми ширум светот и е една од најдобро продаваните музички ѕвезди на сите времиња. Неодамна таа ја потврди разделбата со нејзиниот сопруг Џордан Братман со кој го има двегодишниот син Макс.
Најново од Кристина е новиот филм „Burlesque“ чија премиера е на 24-ти овој месец.