Кристен Стјуарт го стави комфорот на прво место и ги прекрши „правилата“ на Филмскиот фестивал во Кан.
Ѕвездата од „Twilight“ се појави на црвениот тепих на премиерата на „Blackkklansman“ во кратка креација од Шанел и обувки со црвен ѓон од Кристијан Лобутин, но по кратко време одлучи да ги соблече „лобутинките“ и така да продолжи да чекори покрај бројните гости и фоторепортери.
Постои „непишано“ правило дека жените мора да носат обувки со високи потпетици на престижниот фестивал.