Синот на Стив Ирвин, познат како „Ловецот на крокодили“, беше гостин во шоуто на Џими Фелон. Со само еден поглед врз момчето и начинот на кој зборува, се забележува сличноста со неговиот покоен татко.
Недискутабилно е дека 13-годишниот Роберт ја поседува истата страст и љубов кон животните како неговиот татко, кој почина на 44-годишна возраст поради убод во срцето од риба раја.
Роберт имаше само 2 години кога се случи трагичниот настан во 2006 година. „Навистина е прекрасно што ги следам неговите стапки. Сметам дека сум најсреќното дете на планетата Земја“ – вели Роберт во видеото од неговото гостување во „The Tonight Show“ и истакна дека татко му бил дел од истото шоу во 2003 година.
ВИДЕО:
Мрзливец, змија, џуџест крокодил и армадило се животните кои храброто момче ги однесе во познатата емисија.












