Селена Гомез е новата „кралица“ на Instagram. 23-годишната пејачка ја надмина својата пријателка Тејлор Свифт по бројот на следбеници и застана на врвот на листата на најпопуларни лица на социјалната мрежа за споделување на фотографии.
Сите фотографии кои Селена ги објавува во последно време добиваат минимум еден милион лајкови.






Со 69,5 милиони фанови Гомез е на првото место, Свифт е веднаш зад неа со 69,3 милиони, додека на третото место е Ким Кардашијан со 63,7 милиони.



