Тејлор Свифт беше големиот победник на синоќешното доделување на MTV VMA.
33-годишната музичарка победи во девет од единаесетте категории во коишто беше номинирана, а најголема поддршка доби од својата пријателка Селена Гомез. Славните пејачки се прегрнаа и заедно позираа на свеченоста во Њуарк, Њу Џерси.









Тејлор Свифт освои неколку награди за „Anti-Hero“, меѓу кои Видео на годината, Песна на годината и Најдобра поп песна, ја освои статуетката за Изведувач на годината, а со „Midnights“ победи во категоријата Албум на годината.

Селена на MTV VMA се закити со статуетка за песната „Calm Down“. Додека таа беше на сцената, Тејлор славеше за неа од публиката.

taylor getting everyone around her to stand up to cheer for selena’s wini love her sm pic.twitter.com/buo5Zv9O2d
— dom ☆ (@ev3rhaze) September 13, 2023
На настанот, Тејлор носеше фустан од Версаче, додека Селена мамеше погледи во црвена креација од Оскар де ла Рента.


