Кристијано Роналдо ја симна Селена Гомез од тронот на Instagram.
Успешниот фудбалер исплети мрежа од 144,5 милиони следбеници и со тоа го освои врвот на листата на најпопуларни лица на социјалната мрежа за споделување на фотографии.

Фотографиите на мускулестиот спортист добиваат во просек по 5 милиони лајкови. Покрај од тренинзите и натпреварите, Роналдо споделува со своите фанови и семејни фотографии.




Последната фотографија која Селена ја објави на Instagram беше на 23 септември, со што таа најави дека ќе прави пауза од социјалните мрежи за да се посвети на своето ментално здравје.
Покрај Селена и Кристијано, во првите 5 славни личности со најмногу фанови се најдоа и Аријана Гранде (132 милиони), Ким Кардашијан (120 милиони) и Бијонсе (119 милиони).