Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кортни Лав: „Имав афера со сопругот на Гвен Стефани“

Кортни Лав: „Имав афера со сопругот на Гвен Стефани“

Кортни ЛавКортни Лав

Контроверзната Корни Лав направи шокантно признание дека имала афера со сопругот на Гвен Стефани, Гевин Росдејл.

Таа во интервју за радио шоуто на Хауард Стерн изјавила и дека Гвен Стефани знаела за аферата.

Учествувајќи во шоуто за да го промовира својот нов албум „Nobody's Daughter“, Кортни признала дека со Гевин си поминале прекрасно во текот на осумте месеци додека биле заедно и дури едно време си замислувала да се омажи со него.

Кога водителот Стерн ја запрашал јасно дали имале секс додека Гевин бил заедно со Гвен Стефани, без да се мисли Кортни одговорила: „Да и таа знае“.

Гвен Стефани и Гевин Росдејл со синовитеГвен Стефани и Гевин Росдејл со синовите

Сè уште нема никаков одговор од страна на славната двојка. Гвен Стефани и Гевин Росдејл стапија во брак во 2002 година и имаат два сина, Кингстон (4 години) и Зума (18 месеци).

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19719 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.