Кетрин Шварценегер не пропушти да му го честита роденденот на татко си Арнолд.
Ѕвездата од „Терминатор“ вчера наполни 77 години, а по тој повод 34-годишната авторка сподели нивни заеднички фотографии и напиша:
„Среќен роденден, тато! Те сакаме“.
Во коментарите, фановите на легендарната филмска ѕвезда се придружија на честитките.
„Колку е кул да имаш татко Терминатор. Среќен роденден Арнолд“.
„Среќен роденден на мојата инспирација, полицаецот во градинка“.
„Може да се каже дека ти секогаш ќе му бидеш малата ќеркичка“.
„Среќен роденден на оваа легенда“ – се само дел од коментарите.
Покрај тоа што се прослави во актерството, Арнолд е познат и како поранешен професионален бодибилдер. Тој започна да вежба со тежини на 15-годишна возраст, на 20 години победи на Мистер Универзум, а седумпати ја има освоено титулата Мистер Олимпија.
Неговите најпознати улоги се во „Terminator“, „The Running Man“, „Twins“ и „Kindergarten Cop“.
Тој е татко на четири деца од бракот со поранешната сопруга Марија Шривер. Во 2011 година, тој јавно призна дека има уште едно дете со долгогодишната куќна помошничка. Истата година, Марија поднесе документи за развод.