Додека секоја обична жена на светот копнее да седне во првиот ред на модните ревии на познатите дизајнери, славните ѕвезди не се толку големи ентузијасти и мораат да бидат поткупувани за да присуствуваат и да бидат видени на ревиите. Големите модни брендови се подготвени да дадат многу пари за да имаат славен гостин кој ќе им ракоплеска додека ги презентираат најновите колекции.
Во зависност од својата популарност, секоја ѕвезда добива одредена сума за својата појава. На врвот на листата на највисоко платени гости на ревии се наоѓа
На второ место се наоѓа Бијонсе која добива 80-100 илјади долари за да биде дел од публиката на модните недели. Според податоците на Fashionista, сестрите Мери Кејт и Ешли Олсен со една посета на модна ревија заработуваат по 80 000 долари.
Но, ова не значи дека тие приходи нема некогаш да им се намалат. Со намалувањето на популарноста, заработката на славните опаѓа. Пример за тоа е Џенифер Лопез. Во 2005 година, таа за посета на модна ревија добивала по 80 000 долари, но сега мора да се задоволи само со 30 000. Посетата на Линдзи Лохан во 2006 година вредела 60 000 долари, но сега по многуте скандали таа не добива ниту покана за да присуствува на престижните ревии.
Лејтон Мистер од популарната серија Gossip Girl добива 40 000, а нејзината колешка Блејк Лајвли 50 000. Хилари Даф, која за кратко ѝ се придружи на екипата на оваа серија, добива по 40 000 долари за една ревија.
Навистина е лудо колку славните добиваат пари за сè и сешто, дури и за да добијат привилегија да уживаат во убава ревија.