Синоќа се одржа 70-тото издание на престижните награди Еми во театарот „Микрософт“ во Лос Анџелес.
За време на церемонијата беа почестени со статуетки најдобрите во светот на телевизијата.
„Game of Thrones“ се запечати како најголем победник на вечерта со тоа што ги остави зад себе „The Handmaid’s Tale“, „Stranger Things“, „This is Us“, „The Crown“, „The Americans“ и „Westworld“ и стана Најдобра драмска серија. За својата улога во истата серија, Питер Динклиџ ја освои наградата за Најдобар актер во споредна улога во драмска серија.
„The Marvelous Mrs. Maisel“ беше прогласена за Најдобра ТВ серија комедија, а на Рејчел Броснахан ѝ ја донесе наградата Најдобра актерка во ТВ серија комедија.
Клер Фој ја освои статуетката за Најдобра актерка во драмска серија за улогата на кралицата Елизабета II во „The Crown“ додека Метју Рис ја присвои наградата за Најдобар актер во драмска серија за „The Americans“.
Тaнди Њутон е Најдобра актерка во споредна улога во драмска серија благодарение на „Westworld“.
Во категоријата Најдобар актер/ка во лимитирана серија или филм победија Дарен Крис за „The Assassination of Gianni Versace: American Crime Story“ и Реџина Кинг за „Seven Seconds“.
Серијата посветена на смртта на Џани Версаче, „The Assassination of Gianni Versace: American Crime Story“, се истакна во категоријата Најдобра лимитирана серија или филм.
Целосната листа на победници можете да ја погледнете тука.