Само неколку месеци по разводот од Федез, Кијара Ферањи пронајде нова љубов.
Популарната модна блогерка е во врска со богатиот италијански бизнисмен Џовани Тронкети Провера. Иако таа сè уште ја нема официјално потврдено романсата со наследникот на брендот за автомобилски гуми Pirelli, папараци фотографиите не лажат. Тие беа „уловени“ како се бакнуваат и си разменуваат нежности во Рим.
Фотографиите ексклузивно ги објави списанието Chi.
Се појави и фотографија на која Кијара е во друштво на своите и децата на Џовани. Според информациите во медиумите, токму децата кои учат во исто училиште ги зближиле новите партнери.
Кијара и нејзиниот поранешен сопруг започнаа да се состануваат на крајот од 2016 година. Тие стапија во брак во 2018 година, а се разделија на почетокот од оваа година. Заедно имаат две деца. Наводно, причина за нивната разделба било негово неверство.