Кијану Ривс секогаш ја има безрезервната поддршка од Александра Грант.
60-годишниот актер беше придружуван од 51-годишната партнерка на премиерата на својот најнов филм „Sonic the Hedgehog 3“.
На синиот тепих, Кијану се појави црн костум, додека Грант носеше свечена креација со долги ракави и блескава чантичка.
Кијану и Александра се во врска околу седум години. Таа редовно го посетува на сетовите на снимањето на филмовите за да му ја даде целата своја поддршка.