Ким Кардашијан го објави името на новородениот син. Малото момче ќе се вика Сент Вест (Saint West).

Веднаш по објавувањето на името, на социјалните мрежи започнаа да се нижат шеговити коментари за изборот на славните родители.


Сент се роди на 5 декември. Тоа е второ дете на Ким и Кание, кои се родители и на двегодишната Норт Вест. Се шпекулираше дека новороденото момче ќе се вика Истон (Easton) или Роберт (во чест на починатиот татко на Ким).
