Ким Кардашијан и Кание Вест добија момче. Веста беше објавена на сајтот на Ким, каде беше споделено и дека мајката и бебето се чувствуваат добро. Сè уште не се знае името на новороденчето.


Еден ден пред породувањето 35-годишната ѕвезда од шоуто „Keeping Up with the Kardashians“ сподели фотографија од својот труднички стомак и порака дека е подготвена за новиот член во нејзиното семејство.
Ready whenever you are lol pic.twitter.com/Qbk5i2vb28
— Kim Kardashian West (@KimKardashian) December 5, 2015
По двегодишна врска, Ким и Кание стапија во брак во мај минатата година. Славниот пар го доби своето прво дете, Норт Вест, на 15 јуни 2013 година.
