Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кејт Винслет за слабеењето по породување: „Сакам да бидам сита и среќна“

Кејт Винслет за слабеењето по породување: „Сакам да бидам сита и среќна“

Кејт Винслет го краси мартовското издание на списанието „Harper’s Bazаar“ UK. За модниот едиторијал славната актерка позираше во креации од Dolce & Gabbana, Max Mara и Hermès.

Кејт Винслет

Фотографиите се дело на Алекси Љубомирски, а за стилскиот избор заслужна е Миранда Алмонд.

Кејт Винслет

Во интервјуто за списанието, Винслет изјавила дека се обидува да ги претвори негативните искуства во позитивни и дека не би променила ништо од својот личен живот, алудирајќи на своите два развода. „Искрено можам да кажам дека не би променила ништо. Па, дури ни лошите моменти. Не е важно колку лоши биле одредени периоди, сите тие се важни, затоа што те обликуваат како личност. Разводот може да биде добар за децата, бидејќи им помага да научат како да се преборат со лошите случувања“ – рекла 39-годишната актерка, која е мајка на три деца од три различни партнери.

Кејт Винслет

Холивудската ѕвезда зборувала и за враќањето во форма по породување. „Животот е премногу краток за да си трошиме време фокусирајќи се на такви нешта. Сакам да си го зачувам здравјето и разумот, да бидам сита и среќна. Моето тело никогаш нема да биде како порано и не ни го очекувам тоа по раѓањето на три деца“ – изјавила Винслет.

Кејт Винслет Кејт Винслет

Винслет ја доби улогата на Џоана Хофман во филмот „Steve Jobs“, кој е планирано да излезе следната година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.