Кејт Бланчет во повеќе стајлинзи привлекуваше погледи на Филмскиот фестивал во Венеција.
На последната вечер од манифестацијата, 51-годишната холивудска ѕвезда се појави во екствагантна креација инспирирана од раскошните пауни. Впечатливиот фустан е дел од последната колекција висока мода на Џорџо Армани.










На црвениот тепих, Кејт позираше со внуката на Џорџо Армани, Роберта.


Бланчет годинава беше Претседателка на жирито на Фестивалот.





