Харизма, моќ и самодоверба се поимите кои ни доаѓаат во главата кога и да се спомене името Кејт Бланчет.
Австралиската актерка денес полни 51 година, а слободно може да се каже дека нејзиниот изглед не ја издава нејзината возраст.
Кариерата на Бланчет започна на театарската сцена, за подоцна да се пренесе на големото филмско платно.
Кејт има освоено два Оскари, за Најдобра актерка во филмот „Blue Jasmine“ и за Најдобра актерка во споредна улога за „The Aviator“, а се има закитено и со три Златни глобуси.
Бланчет свои улоги има добиено и во трилогијата „The Lord of the Rings“, „The Curious Case of Benjamin Button“, „Thor: Ragnarok“, „Ocean's 8“, „The Talented Mr. Ripley“ и „Carol“.
Кејт е во брак со Ендру Аптон и заедно имаат 4 деца.
По повод роденденот на Бланчет, потсетете се на 51 од нејзините највпечатливи стилски моменти: