Кетрин Зета-Џонс влегува во улога на Мортиша Адамс во нова серија за страшното семејство Адамс, која ќе се прикажува на Netflix.
На првите фотографии за серијата „Wednesday“, 52-годишната актерка е облечена во црниот долг фустан карактеристичен за мајката во семејството Адамс. Костимот е дизајниран од познатата костимографка Колин Атвуд.


Честа да го глуми главниот лик Венсдеј Адамс ѝ припадна на Џена Ортега, нејзиниот брат ќе го глуми Исак Ордонез, а ликот на таткото ќе го портретира Луис Гузман.


Серијата е дело на режисерот Тим Бартон.