Кетрин Зета-Џонс изгледаше феноменално на Меѓународниот филмски фестивал „Red Sea“ во Џеда, Саудиска Арабија.
На манифестацијата, 55-годишната актерка пленеше во раскошна сина креација која одлично ѝ прилегаше.
На црвениот тепих, Кетрин пристигна за рака со 80-годишниот Мајкл Даглас, со кого неодамна ја прославија 24-годишнината од стапувањето во брак.