Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас имаат роденден на ист датум од годината.
55-годишната актерка и 80-годишниот актер со стари фотографии си го честитаа овој специјален ден, а Кетрин се соблече гола, објаснувајќи дека тоа е роденденскиот подарок за Мајкл.
Таа сподели фотографија од нивниот заеднички роденден пред 25 години, а во описот напиша:
„Среќен роденден на Мајкл и мене. Ова беше на нашиот роденден пред 25 години. Те сакам со целото мое срце“.
![Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас](/images/articles/30624/01.jpg)
Подоцна, холивудската актерка објави фотографија на која позира сосема гола.
„Во мојот роденденски костим. По 25 години споделување на истиот роденден со сопругот, останав без идеи за подарок. Ова е опција број два, а топчиња за голф се опција број еден... се разбира“ – се пошегува таа во описот.
![Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас](/images/articles/30624/02.jpg)
Мајкл пак на својот Instagram профил ја нарече Кетрин „сестра по роденден“.
„Те сакам со целото мое срце. Нека претстојната година ти биде најдобра“ – напиша тој.
![Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас](/images/articles/30624/03.jpg)
Парот стапи во брак во 2000 година. Тие заедно имаат две деца – ќерката Карис и синот Дилан.
![Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас](/images/articles/30624/00.jpg)
![Мајкл Даглас](/images/articles/30151/01.jpg)
![Семејство Даглас](/images/articles/27478/01.jpg)