Кети Пери и Орландо Блум ставија крај на љубовната романса. Откако преку соопштение за јавноста ја објавија разделбата, славниот актер беше фотографиран додека флертуваше со друга девојка.

Блум беше „уловен“ со Ерин Мекејб на една од оскаровските забави.


32-годишната пејачка и 40-годишниот актер ја започнаа својата врска на почетокот од минатата година, а првпат беа фотографирани заедно во февруари 2016 година.




Блум претходно беше во брак со Миранда Кер. Пери исто така зад себе има еден брак. Таа се разведе од Расел Бренд во 2012 година.