Кендал Џенер е подготвена да излезе од сенката на своите полусестри Ким, Клои и Кортни Кардашијан и да стане позната со своето име. Нејзината фотосесија за списанието „Genlux“ е првиот голем чекор во таа насока.
„Се викам Кендал. Кендал Џенер. Не сум Кардашијан“ – пишува на насловната страница на есенското издание на модното списание под фотографијата на убавата девојка. Целта на храбрата изјава била читателите да гледаат на Кендал не како на ѕвезда од реално шоу, туку како на модел.
За фотографиите 16-годишната бринета, која стана модел на 14 години, позира во префинета дизајнерска облека.
Кендал веќе го има привлечено вниманието на многу модни брендови. Таа заедно со својата сестра Кајли Џенер се појавија на ревијата на Sherri Hill.