Каролина Гочева и Михаил Корубин уживаат во природните убавини на нашата планета. Славниот македонски пар се насладуваше на прекрасните глетки на планинскиот венец Доломити за време на својот престој во Италија.
Нашата музичка ѕвезда плива во базен со пријателка, вежба и се прегрнува со Михаил под топло ќебе, додека свири песната „I Say a Little Prayer“ од Арета Френклин на компилацијата од снимки која ја објави на Instagram.