Каролина Гочева и Михаил Корубин уживаат во брачниот живот. Славниот пар, кој заплива во брачните води во септември минатата година, го истражува светот патувајќи од едно место на друго.
Македонските ѕвезди со романтична фотографија на плажа се збогуваа со Тулум, Мексико, каде престојуваа неколку дена.
Корубин сподели неколку фотографии и видеа од престојот во хотелот „Nomade Tulum“ во Мексико.
Каролина и Михаил покажаа дека добро се прилагодуваат на екстремни температурни разлики, бидејќи пред да се релаксираат под топлите сончеви зраци во Мексико, тие „замрзнуваа“ во Канада.
37-годишната македонска пејачка и славниот уметник сега одлетаа во Лос Анџелес, Калифорнија.