Елена Ристеска и преку социјалните мрежи им честита на Каролина Гочева и Михаил Корубин за нивната свршувачка. 31-годишната пејачка објави фотографии од среќниот пар заедно со топла порака со искрени желби за среќен заеднички живот.
„Уште на ланскиот роденден на Михо знаев дека сте створени еден за друг, се гледаше по сјајот во очите.. А богами се гледа и на сликава што сум ви ја сликала тогаш.. :) Многу сум среќна другарке моја за вас, заслужи ваква среќа и ваков човек до себе, после толку премрежја. Среќата кога тогаш доаѓа и вреди да се чека онаа вистинската љубов.. Честитки, ве сакам“ – стои во описот на колажот од фотографии.
Дологодишната стилистка на Каролина, Цаци Пакоска, исто така сподели фотографија од вљубените гулапчиња и го описот напиша: „Кога две златни души ќе се спојат. Ве сакам“.
Михаил ѝ предложи брак на Каролина во Париз.