Каролина Гочева и Михаил Корубин ја обожаваат Италија, а пролетва го истражуваа романтичниот Рим.
Популарниот пар уживаше во Вечниот град, а „македонското девојче“ сподели низа кратки моменти од патувањето во кратко Instagram видео.
Талентираната пејачка и истакнатиот уметник уживаа во италијанската метропола во последните денови од април и почетокот на мај.
Двојката е во брак од септември 2017 година.