Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Карла Бруни и Никола Саркози добија ќерка

Карла Бруни и Никола Саркози добија ќерка

Првата дама на Франција роди ќерка. Ова е прво заедничко дете на Карла Бруни и Никола Саркози.

Карла Бруни-Саркози и Никола СаркозиКарла Бруни-Саркози и Никола Саркози

Во интервју направено пред породувањето, 43-годишната Бруни призна дека не го знаат полот на бебето и дека сакаат да биде изненадување. Сè уште не се знае името на малото девојче.

Според неофицијални извори, Саркози поминал само половина час со својата сопруга пред повторно да им се врати на претседателските должности.

Во неколку наврати Карла истакнала дека сака да го зачува нивниот приватен живот што подалеку од очите на јавноста, а во едно интервју дури и отишла во крајност, велејќи дека никогаш нема да дозволи објавување на фотографии од нивното дете.

Карла стапи во брак со 56-годишниот лидер на Франција во февруари 2008 година. Таа има 10-годишен син од претходна врска, а Саркози има три деца од претходните два брака.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.