Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Карла Бруни софистицирана за Bulgari

ФОТО: Карла Бруни софистицирана за Bulgari

Карла Бруни е долгогодишна муза на Bulgari. 47-годишната сопруга на Никола Саркози е ѕвездата од кампањата есен/зима 2015 на италијанскиот бренд за накит.

На фотографиите, поранешната прва дама на Франција гордо позира накитена со луксузните модели од колекциите Diva, Serpenti и Lvcea.

За кампањата бил ангажиран фотографот Микаел Џенсон.

Карла Бруни Карла Бруни

„Bulgari за мене е симбол на страста и на таа жива и колоритна римска веселост. Парчето накит не може да се спореди со друг предмет. Тоа е поинтимно од сè друго – физички интимно, бидејќи го украсува телото непосредно на кожата, честопати блиску до срцето. Од наједноставните прстени, па до најсофистицираните огрлици, секое парче накит секогаш има да раскаже лична приказна. Сакам кога работите имаат приказна“ – изјави Бруни во почетокот на нејзината соработка со врвниот бренд.

Карла Бруни Карла Бруни Карла Бруни Карла Бруни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.