Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Карла Бруни е софистицирана дива за „Bulgari“

ФОТО: Карла Бруни е софистицирана дива за „Bulgari“

Карла Бруни ја репризира улогата на софистицирана дива на „Bulgari“. 47-годишната поранешна прва дама на Франција е во центарот на новата кампања на италијанската компанија за луксузен накит.

Бруни го презентира скапоцениот накит во рамките на кампањата „Diva“, која е дело на врвниот фотограф Марио Соренти.

Карла Бруни Карла Бруни Карла Бруни Карла Бруни

Кога во 2013 година беше објавено дека Бруни е новата муза на „Bulgari“, таа изјави: „Bulgari за мене е симбол на страста и на таа жива и колоритна римска веселост. Парчето накит не може да се спореди со друг предмет. Тоа е поинтимно од сè друго – физички интимно, бидејќи го украсува телото непосредно на кожата, честопати блиску до срцето. Од наједноставните прстени, па до најсофистицираните огрлици, секое парче накит секогаш има да раскаже лична приказна. Сакам кога работите имаат приказна.“

Карла со години е лојална клиентка на „Bulgari“ и на многу свечености досега била фотографирана со накит од овој бренд.

Карла Бруни Карла Бруни Карла Бруни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20844 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.